Унгарците пак нѐ претркаа!

by Фокус

Орбанова Унгарија дефинитниво е најинтересната европска држава кога во прашање е политичкиот живот, бидејќи во последнава деценија таму се разбудија сите можни опции од политичкиот спектар, од ултрадесните па се до нивните пандани на левата страна. Е токму оние што вртат повеќе на лево сега се најзабавни!

Имено, во Угарија веќе две недели постои Комитет за сеќавање на неколкудеценискиот севернокорејски лидер Ким Ил Сунг, дедото на сегашниот владетел со оваа не многу демократска земја – Ким Јонг Ун. Комитетот е формирам на 26 мај годинава во Будимпешта и со него ќе преседава претседателот на Унгарската работничка партија Ѓула Турмер.

Како што пренесува Севернокорејската новинска агенција, Комитетот решил меѓу 26 мај па се до 9 јули, еден ден по датумот на смртта на Ил Сунг да организира „разни политички и културни настани посветени на револуционерната кариера и на подвизите на Ким Ил Сунг“!

Поврзани новости