Украдени над 26 тони јаболка во Ресен

by fokus

За време на минатиот викенд, од магацин на поранешна фабрика била украдени над 26 тони јаболка, пренесува МВР.

„На 20.01.2020 во СВР Битола, З.Ј. од Ресен пријавил дека во период од 18.01.2020 до 20.01.2020 во магацин на поранешна фабрика на ул.„29 Ноември“, непознат сторител  насилно влегол во објектот и одзел 30 палети со 56 гајби односно околу 26.880 килограми јаболка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости