Цетински го започна концертот во авион

by Fokus 21:09
21:09

Тони Цетински кој што вечерва ќе има заеднички концерт со Владо Георгиев во спортската сала ,,Борис Трајковски’’ односно ,,Вип арена’’ во Скопје, го започна својот настап уште во авион.

Имено, пејачот додека летал од Загреб кон Скопје, заедно со своето расположено друштво со гитара, ги забавувал патниците во авионот со своите најголеми хитови.

Видеата од летот, кои што изгледаат како да се случува голема музичка забава во воздух, поп пејачот ги прикачил на својата официјална Фејсбук страница, и веќе добил над 100.000 допаѓања од обожавателите.

Организатори на концертот на Тони и Владо, кои што важат за едни од најпопуларните музичари во регионот се ,,Прагма’’, а настанот е со почеток во 20 часот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости