Гавазова со заеднички концерт со Драгана Мирковиќ и Мирослав Илиќ!

by Fokus

Популарната фолк пејачка Сузана Гавазова ќе има заеднички настап со Драгана Мирковиќ и Мирослав Илиќ наредниот месец. Нивниот концерт ќе се одржи во Берн, Швајцарија, на 18-ти мај, а како што информираат од организацијата, ВИП влезниците уште сега биле распродадени.

За настанот имало голема заинтересираност од страна на иселеници од сите поранешни Југословенски републики кои живеат во Швајцарија, бидејќи ова е прв заеднички концерт на музичарите.

Нив ќе ги придружува Кристијан Јованов, кој стана препознатлив во регионот по учеството во музичкото шоу ,,Операција Триумф”, а кој подолг период живее и настапува во Швајцарија.

Покрај најавениот концерт во Берн, Гавазова периодов е актуелна со турнејата во Австралија, каде настапува заедно со битолската група „Молика“.

И покрај заканите со бојкот, кои нашинци од Австралија и ги упатија на пејачката, бидејќи минатата година пееше на настан организиран од СДСМ, сепак музичарите веќе имале настапи во Сиднеј, а викендов гостуваат во Мелбурн.

Вики Клинчарова

Поврзани новости