Нашинците во Австралија се пишманија за бојкотот: Масовна посетеност на концертите на Сузана Гавазова!

by Fokus

Фолк пејачката Сузана Гавазова е во Австралија, каде е во тек нејзината турнеја заедно со групата „Молика“, Џамбо Агушев, Мишел Трајковски и Мајкл Карадаковски. Музичарите веќе одржаа концерти во Сиднеј и Волонгонг, а наредниот период гостуваат во Мелбурн.

Заедно со нив е и сопругот на Гавазова, Јасмин Курузовиќ, кој објави фотографии од настаните, на кои се гледа голем број на расположена публика и напиша дека Сузана ги руши рекордите.

За гостувањето на познатата пејачка во Австралија имаше бурни реакции од дел од нашите иселеници, кои и се заканија да не доаѓа на настап, бидејќи ќе ги бојкотираат нејзините концерти. Појаснуваа дека се револтирани, бидејќи таа пееше на настан организиран од СДСМ, минатата година, па ја обвинуваа дека им глуми лажен патриотизам. Се работеше за настан организиран по повод Денот на независноста, Осми септември.

Сите музичари кои настапија беа мета на закани и напади на социјалните мрежи, а некои од најавените дури и ги откажаа своите настапи, правдајќи се дека не знаеле кој е организатор на настанот.

Но, според она кое може да се види на концертите, очигледно нашинците се откажале од намерата да ја бојкотираат Гавазова, и настапите и се масовно посетени.

Неколку дена пред да замине во Австралија, таа се обрати до јавноста со видео порака и кажа дека се радува на турнејата, иако слушнала многу невистини од луѓе кои сакале да и напакостат.

– Целта на турнејата е да им докажам на некои луѓе, кои цело време се трудат да ми нанесат зло и неправда. Слушнав многу невистини и лоши муабети, еве сега шират муабети дека нема да дојдам во Австралија.

Тоа не е точно, јас доаѓам со голема желба да се дружам со моите фанови и големата армија на мои обожаватели, порача таа пред заминувањето во Австралија.

По турнејата во Австралија, Гавазова заминува во Швајцарија, каде ќе има заеднички концерт со Драгана Мирковиќ и Мирослав Илиќ.

Вики Клинчарова

Поврзани новости