Уапсен братот на Есад Рахиќ, тој тврди дека е политички мотивиран случај

by Fokus 21:00
21:00

Од Основното Јавно обвинителство денеска излегоа со соопштение дека откриле организирана група што извршува кривични дела на нелегална трговија со дрога. Меѓу уапсените е и братот на поранешниот пратеник од СДСМ Есад Рахиќ, Сеад Рахиќ под сомнение дека продавал кокаин.

– Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со предистражната постапка за откривање на организирана група што извршува кривични дела на нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена против криминална група на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени наркотици и лишени се од слобода повеќе од три лица.Во тек е целосното документирање на случајот по што јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката и преземените дејствија – се наведува во соопштението.

Братот на уапсениот Рахиќ, поранешниот пратеник Есад Рахиќ за Телма изјави дека случајот против неговиот брат е политички мотивиран со цел да се сврти вниманието на јавноста од актуелната тема на составување влада и да се оцрнат политички личности.

Рахиќ наведе дека специјалци во полна опрема упаднале во семејната куќа каде живееле братот и неговите родители но во претресот не нашле нисто.

 

 

Поврзани новости