Цеца или Слаткар: Популарните музичари во иста вечер гостуваат во Куманово!

by Fokus

Популарната српска турбо-фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ ќе гостува во Куманово на 15-ти јуни. Таа ќе настапи во Куманово Спа, модерен и мултифунционален објект кој функционира неколку години наназад, и каде често се одржуваат концерти на познати музички имиња.

Повеќе детали околу настапот на Цеца не познати, а од Куманово Спа информираат дека цените на влезниците ќе бидат објавени на 15-ти мај.

Истата вечер, на 15-ти јуни, во Куманово ќе одржи концерт и Слаткар.

Неговиот концерт по повод 15 години од легендарниот албум ,,Слаткаристика Будало” ќе се одржи во „Summer Club Space“ и е најавен како ХИП-ХОП еволуција со песните од времето што некогаш беа револуција.

На неговата страница се објавени и датумите на наредните настапи во повеќе градови во земјава, додека пак на страницата на Ражнатовиќ, по концертот во Куманово нема најава за наредни гостувања во тек на летниот период.

Вики Клинчарова

Поврзани новости