Бејли: Продолжување на мандатот на СЈО за да се утврдат фактите

by Fokus

Кога се потпишуваше договорот за формирање на Специјалното јавно обвинителство веројатно никој не беше свесен со колкав материјал ќе се соочи оваа институција, а важно е од неа да произлезат факти, вели американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за Сител.

– Да се вратиме назад и видиме која беше поентата за формирањето на СЈО, а тоа е да донесе одговорност за содржината од наводите кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Не сум сигурен дека било кој тогаш беше свесен за обемот на работа со кој ќе се соочи СЈО…и верувам дека институцијата се соочи со препреки и отежната соработка исто така, одговара Бејли на прашањето зошто Меѓународната заедница се залага за продолжување на мандатот на СЈО.

Според него, одлука на партиите е каква влада ќе формираат откако изборите на 11 декември донесоа исклучително тесен резултат.

– Дали ќе се формира нова влада ќе зависи од 61 пратеник во Собранието. Ќе мора нив да ги прашате за тоа. Но, мојата анализа на ситуацијата е следната. По целиот процес имавте избори на 11 декември на кои имаше висока излезност и од кои произлегоа тесни резултати помеѓу партиите. Ова беа можеби најтесните избори во Македонија. Сега имате задача да преминете од избори на нова влада. Затоа партиите, различните политички опции се обидуваат да состават коалиции со кои ќе владеат и ќе ја придвижат земјата напред – рече Бејли.

Поврзани новости