Царовска: Само со инвестирање во наука ќе го фатиме чекорот со регионот и Европа!

by Fokus

Министерката за образование, Мила Царовска смета дека треба што повеќе да се вложува во образованието и науката, доколку сакаме да го фатиме чекорот со Европа.

„Навистина треба да ни е чест што сме дел од програмата Хоризонт Европа, не само поради можноста да искористиме финансиски средства, туку затоа што добиваме можност да учиме од многу развиени земји коишто вложуваат во наука и ги гледаат бенефитите од таквите инвестиции“, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на првиот  работен состанок и промоција на националната мрежа за поддршка.

Царовска нагласи дека на можностите што ги нуди Хоризонт Европа треба да се гледа како на импулс за личен ангажман за враќање на истражувачката енергија во државата.

„Оваа Влада и Министерство за образование и наука имаат за цел да инвестираат во наука, затоа што само така можеме да фатиме чекор, прво со регионот, а потоа и со Европа. Вложувањето во наука треба да биде системско. Наша заложба е инвестициите во наука постојано да ги зголемуваме“, рече министерката.

Поврзани новости