566
Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека трите деца заболени од корона вирусот се во добра здравствена состојба.
Тој истакна дека најмалото дете од Скопје, на возраст од две години, е на домашно лекување, а четиригодишното девојче од Штип се лекува во Одделението за инфективни болести во штипската болница. Во истата болница е хоспитализирано и 15-годишното момче од Дебар.
-Сите се во добра состојба во смисла на тоа дека манифестацијата на болеста во лесна форма, рече Филипче.