Филипче: Од вкупниот број на заболени од корона вирусот 14-15 се здравствени работници

by fokus

Од вкупниот број заболени од корона вирусот во земјава, 14 или 15 се здравствени работници, вклучувајќи ги и овие сега дијагностицирани во Скопје, информира министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тие, како што соопшти Филипче се во Кавадарци, Дебар, а сега и во Скопје и Куманово.

Во однос на луѓето кои имаа контакт со екс-директорката на Кожната клиника, Филипче информира дека пет се позитивни од 30 тестирани, а тестирањето ќе се врши во пет до шест циклуси.

– Не можеме сите да ги тестираме одеднаш затоа што ќе се угуши капацитетот за другите материјали кои што стигнуваат, сега се тестирани 30 и ќе стигне бројката до некаде 180 или 190 луѓе кои беа во самоизолација, посочи министерот.

Поврзани новости