Трамп се изјасни за невин по сите 34 точки од обвинението

by Fokus

Поранешниот претседател на САД и фаворит на републиканците за нов мандат на претстојните избори во 2024 год, Доналд Трамп, се изјасни дека не е виновен за сите 34 точки од обвиненението кое му се става на товар. Обвиненението е резултат на истрагата што се водеше против него за парите кои и ги исплаќал на порно ѕвезда. Детали од обвинението се уште не се откриени.

76-годишниот бизнисмен не покажа емоции непосредно пред да биде уапсен во судот на Менхетен каде се довезе од неговата резиденција во Трамп кулата. Пред зградата на судот е насобрана толпа од луѓе, од кои дел се поддржувачи на Трамп, а дел повикуваат да се стави зад решетки.

Фото: Ројтерс

Поврзани новости