Голем одрон на автопатот Скопје-Велес, сообраќајот во застој

by Fokus

На автопатот Скопје-Велес после м.в.Ветерско сообраќајот е во целосен прекин, информираат од АМСМ.

Како што објави објави 4news.mk голем одрон вечерва го затворил целосно за сообраќај автопатот Скопје-Велес.
Автопатот е блокиран пред наплатната станица Сопот, а одронот создаде голема гужва.

Дел од возачите се обидуваат преку шумски пат преку селото Ветерско да излезат од метежот.

Засега е нејасно до кога ќе трае блокадата.

Поврзани новости