Трамп одржа говор од балконот на Белата куќа

by fokus

Доналд Трамп одржа говор од балконот на Белата куќа. Тоа е неговиот прв јавен говор по заразата со коронавирус. Пред своите приврзаници, Трамп зборуваше за имиграцијата поради војни во странство, што ја нарече непотребна и неколку пати ја пофали полицијата.

Тој исто така рече дека Афроамериканските и латино-заедниците го отфрлаат радикалниот социјализам и дека ја прифаќаат неговата програма, која е наменета за бизнис, за полицијата и за Америка. Тој исто така рече дека ако победи левицата, ќе има крстоносна војна против полицијата.

„Тие веќе го прават тоа, вие сте го виделе тоа“, рече Трамп, додавајќи дека тие ќе им ги одземат буџетите на полициските сили и слободата на граѓаните.

Тој исто така рече дека 56 проценти од луѓето, според анкетите, се позадоволни денес за време на пандемијата отколку пред четири години.

„Размислете за тоа“, рече Трамп.

Потоа додаде дека Афроамериканските и латино заедниците, нивните цркви и имот биле вандализирани од левичарските фанатици кои Бајден ги нарекува мирни демонстранти. Тој исто така рече дека има посебен план за овие групи на кои ќе им донесе поголем просперитет.

„Ако не нè погодеше пандемијата, ќе гледавте бројки какви што никогаш порано не сте виделе“, рече Трамп.

Трамп се осврна и на ОбамаКер.

„ОбамаКер е катастрофа. Ние сакаме да го укинеме “, рече Трамп, додавајќи дека тој веќе направил многу за здравствената заштита што сега е подобра и поевтина.

Кога станува збор за правосудниот систем, Трамп рече дека неговата администрација го постигнала она што Обама не можел.

„Факт е дека направив повеќе за црната заедница од кој било претседател уште од Абрахам Линколн. Никој не може да го оспори тоа “, рече Трамп.

Трамп рече дека анкетите покажуваат дека имаат одлични резултати во споредба со демократите во многу сојузни држави.

„Имаме одлични резултати насекаде. И тоа ги полудува “, рече Трамп заблагодарувајќи им се на поддржувачите кои дојдоа пред Белата куќа.

Тогаш насобраните почнаа да викаат „Те сакаме“, на што тој одговори дека и тој ги сака. Ова се најважните избори досега, поважни од оние пред четири години, рече Трамп.

„Излезете и гласајте. И јас ве сакам. Ви благодарам “, заклучи Трамп.

Поврзани новости