Таравари: Законот за јазиците ќе помине на Влада според договореното

by fokus

Усогласени се сите страни и нема коалициски пречки за разгледување на Законот за јазиците, предлогот ќе помине на владина седница во стоте дена од работа на новиот владин состав, порача министерот за здравство Арбен Таравари.

„Законот ќе помине во Влада и ќе се испрати во Венецијанската комисија. Така да ние како партија тоа што сме го кажале пред да влеземе во влада, како Движење за реформи во ДПА, тоа го кажавме првиот ден кога влеговме во влада, тоа го кажуваме и сега дека овој закон ќе влезе во првите сто дена од формирањето на новата влада. Нема недоразбирања. Дали ние ќе ја напуштиме владата, ако не се реализира тоа? Нема потреба да ја напуштиме владата, координирани сме и тоа ќе помине“, изјави Таравари.

Поврзани новости