Таки Фити: Од 100 дипломирани студенти, само 13 можат да најдат вработување без проблем

by fokus

Неопходни се длабоки реформи во образовниот систем во државата, подобрување на законската рамка што го регулира организирањето и дејствувањето на партиите, неопходна е демократизацијата внатре, во самите политички партии.

– Квалитетот и ефикасноста на институциите редовно е условен од квалитетите на кадрите кои се вработени во нив и особено од квалитетот на првите луѓе на институциите. Оттука, несоодветниот квалитет на образовниот систем на сите степени на образование, евидентно влошен во последните десетина години, долгорочно продуцира слаби и нефикасни институции. Овој фактор кај нас е дополнително потенциран со постоењето енормно висока невработеност, претежно од структурна природа што води до депрецијација на човечкиот капитал, т.е. до губење на знаењата и вештините стекнати од формалниот образовен систем – таков каков што е, истакна Фити на на Редовното годишно собрание на МАНУ.

Оттука, како што рече, неопходни се длабоки реформи во образовниот систем на земјата. Фити информира дека ефикасноста на образовниот систем во земјите на Западен Балкан, според тоа и и кај нас, е загрижувачки ниска.

– Истражувањата на оваа проблематика упатуваат дека ефикасноста на образовниот систем е само 13 отсто, тоа значи дека од 100 дипломирани студенти на нашите универзитети, само 13 можат, без особени проблеми, да најдат вработување соодветно на нивните квалификации, рече академик Фити.

За тоа дека е неопходна демократизација во самите политички партии, Фити соопшти дека партиите со крајно авторитативна внатрешна структура и хиерархија не можат да промовираат демократија во општеството, ниту кога се во опозиција, а уште помалку кога ќе дојдат на власт.

Поврзани новости