Заев: Незадоволни сме и револтирани од тоа што се случи во Парламентот

by fokus

Премиерот Зоран Заев вели дека Собранието вчера требало да ја следи досегашната пракса во однос на одлучувањето за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

Со тоа, смета, ќе се покажело дека сите пратеници се еднакви, а ќе се оставело и можност на судот да одлучува.

-Процедурите и правилата мора да важат за секој пратетеник подеднакво без разлика дали е тоа поранешен претседател на Собрание или не, затоа што сакаме на граѓаните да им испратиме порака дека сите се еднакви пред законот, а останатото е работа е на правосудните органи. Парламентот треба да ја примени досегашната пракса. Во однос на тоа што се случи изразуваме големо незадоволство и револт, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање пред презентацијата на Оперативниот план за вработување за 2019 година.

Поврзани новости