Тачи прв се согласи да биде дел од влада на Заев, формирани се работни групи за ресорите

by Фокус

ДПА на Мендух Тачи ја прифатила понудата од лидерот на СДСМ Зоран Заев за да биде дел од новата влада доколку СДСМ обезбеди парламентарно мнозинство. Генералниот секретар на ДПА, Азем Садику, по денешната средба со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски од СДСМ во Клубот на пратениците изјави:

„Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата и се формирани работни групи кои ќе се предводат од претседателот и секретарот на СДСМ, Љупчо Николовски“.

Тој додаде дека на денешната средба била постигната н++ачелна согласност за соработка па дополнително ќе се разговара за распределба на ресори. Со тоа, Заев веќе има стартна позиција од плус еден пратеник при разговорите со другите партии, пред се со ДУИ.

Поврзани новости