Т’га за фотелја

by fokus

Функција некоја как да си метнам
и в коалиција со власта да си прелетнам!
На наши деца услуги да им правам
во ЕЛЕМ, во Мепсо на фотелја да ги ставам!
Да видат дали хонорари и таму
редовно се исплаќаат како и ваму.

Ако как овде способност некаква се бара
ако пак јавноста со непотизам ме „замара“:
Кон други финти јас ќе прибегнам
во управен одбор сам ќе си влегнам
каде паричките сами паѓаат во џебот,
каде и неписмени лесно го вадат лебот.

Овде е транспарентно и јавноста ме обвива
и истражувачко новинарство земја покрива:
опозициција, граѓани, и други политичари,
силни критики и силни критичари!
Околу портали и медиуми завидливи,
а јас очекував – за нив да сме невидливи!

Не!? Јас не можам во управен одбор да седам!?
Не!? Јас не можам роднини во ЕЛЕМ да редам!?
Дајте ми грантче во џеб да си метнам
и со таква „иновација“ јас да си прелетнам:
во наши претпријатија јас да си стапам,
да лапам од Мепсо, од М-НАВ да лапам.

Таму интересот ја крепи коалицијата
и партијата ја држи подалеку полицијата.
Таму прописите партиската сила
со сета раскош сосема ги растурила:
Простиот народ гледаш се чуди
надлежните институции се прават луди.
Тендер погледнеш или амнестија
секаде од партија ги наместија.

Таму по наредба јас без усул да крадам,
паднеме ли од власт, в бегство да се вдадам!

Поврзани новости