Т’га за 23.000 евра
Изговор некаков как да си метнех
и в Скопјето златно па да си летнех.
Уф моите станови ја да си идам,
да видам Скопје, барок да видам.
Да видам дали пари и тамо
тешко се збират, како и вамо.
Ако как овде пак работа барат,
и без труд немож пари да се ќарат,
на п’т далечен ја ќе се стегнам
и кон други финти ќе си прибегнам.
Дек партијата милно ме галe
и дек лидеро нон-стоп ме фалe.
Овде е мрачно, на тешка сум мака
оти Зајко е силен, ушт народ го сака,
Струмица средена, не ме држе место,
па идам уф Скопјето, секој ден, често.
Не бе, не. Ја не можам овде да седам,
не можам есдеес на власт да го гледам!
Дајте ми трошоци патни ја да си метнам
и од струмички села да си ја летнам.
Да видам антика, од радос да бликам,
до статуи барокни, ја да се сликам!
Од струмички места ја да си идам,
ни чушки неќам, ни френки да видам.
Тамо власта е послатка од чушките
и уф џебо сами ти паѓаат „шушките“.
Тамо привилегии партијната сила
со сета раскош сегде ги растурила.
Седница погледнеш, или емисија
сегде е Бонева, си седи уф комисија.
Тамо по наредба закони да кројам
Грујо дур владее, ја пари да бројам.
Т’га за 23.000 евра
807
претходна вест