Стотина пожари ја уништуват Амазонската прашума

by fokus

Стотици нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, додека се засилува меѓународниот притисок врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро да преземе ефикасни мерки за гаснење на пожарите.

Судбината на најголемата тропска шума на планетата, проголтана од пожарите, е во фокусот на самитот на Г7, што се одржува во францускиот Бијариц.

Според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ), изминативе два дена избувнале нови 1663 пожари. Според проценките, заклучно со 20 август, повеќе од 500,000 хектари биле уништени за 16 дена пожар во џунглата во Амазонија.

Сателитските слики евидентирале повеќе од 72.800 пожари во амазонскиот регион на Бразил помеѓу јануари и август оваа година.

Во пожарите се опустошени и големи области на шума во Парагвај и Боливија.

Поврзани новости