ССМ: Работодавачите се должни да преземат мерки за заштита на работниците од топлото време

by fokus

Сојузот на синдикати на Македонија побара преземање мерки за заштита на работниците кои работат на високи температури и доследна примена на препораките од Владата за заштита од топлото време.

Од ССМ потсетуваат дека работодавачот, согласно Законот за безбедност и здравје, е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците.

„Работодавачот не може да влијае на надворешните фактори како што се соларно зрачење, температура и влажност на воздухот, но може со соодветна примена на правилата на заштита на работа, во голема мерка да го избегне или намали ризикот од топлинскиот стрес“, се наведува во соопштението на ССМ.

Поврзани новости