Соопштение од Левски: Поддршка за нашите навивачи кои беа во Скопје!

by Fokus

Фудбалскиот клуб Левски од Бугарија, кој синоќа гостуваше во Скопје во меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига славеше против тимот на Шкупи со 2-0.

Од бугарскиот клуб денеска се огласија со соопштение поради немилите сцени, кои се случија пред и за време на натпреварот во македонската метропола.

Дел од навивачите на Левски беа повредени, а дел и уапсени по инцидентите што се случуваа низ улиците во Скопје, како и пред арената „Тодор Проески“.

„ПФК Левски ја изразува својата поддршка до сите поддржувачи погодени од инцидентите во Скопје. Клубот е во постојан контакт со бугарскиот амбасадор во главниот град на Република Северна Македонија, претставниците на бугарската полиција кои патуваа со делегацијата на Левски и обезбедуваат целосна помош за ослободување на нашите сонародници кои се приведени. Веднаш по инцидентите на стадионот во Скопје и приведувањето на нашите симпатизери, преземени се мерки од клубот и амбасадата на Република Бугарија во Скопје, во лицето на амбасадорот Ангел Ангелов и конзулот Георги Христов, да ги заштитат и да им го обезбедат потребниот статус во моментов“ – се вели во соопштението на Левски.

Поврзани новости