На повидок е тандем Роналдо – Мане во Ал Наср

by Fokus

Според доверливиот италијански фудбалски новинар Фабрицио Романо, Баерн Минхен и Ал Наср се договориле за трансферот на Садио Мане.

Баерн наводно ја прифатил понудата на клубот од Саудиска Арабија во преговорите одржани синоќа.

Остануваат само документите и лекарскиот преглед, велат непотврдените информации.

Мане на тој начин ќе го напушти Баерн по само една сезона во која не ги оправда очекувањата по доаѓањето од Ливерпул.

На 25 натпревари во Бундеслигата постигна седум гола, но имаше проблем со повреда поради која не настапи за Сенегал на Светското првенство во Катар.

Со тренерот Јулијан Нагелсман беше стандарден, но потоа падна во втор план со Томас Тухел, а очигледно е дека двајцата не се на иста бранова должина.

За Ал Наср веќе играат Кристијано Роналдо, Алекс Телес, Марсело Брозовиќ, Талиска…

Поврзани новости