585
Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата се направени 1174 нови тестирања за корона вирусот, а резултатите покажуваат дека има само девет новозаразени.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, изминатото деноноќие ниту еден човек не починал како последица од Ковид-19.
Поради вирусот, во болниците низ земјата се хоспитализирани вкупно 87 пациенти, а 25 се на одделите за интензивна нега.
Изминатите 24 часа, од здравствените установи се отпуштени четири пациенти кои оздравеле.