Скопјанец ја претепал бремената сопруга пред нивното дете

by Фокус

Скопјанец е осомничен за тепање на својата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот.

Возејки се со нивното двегодишно дете во нивното возило, скопјанецот започнал расправија, а потоа ја нападнал физички неговата сопруга.

Иако таа успеала да избега од возилото и да побара помош, тој тргнал по неа и продолжил да ја тепа.

Скопјанецот и нанел тешки повреди, со што таа го загубила бебето.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото“, се вели во соопштението од јавното обвинителство.

Обвинителството бара притвор за насилникот бидејки гледа опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.

Поврзани новости