Силниот ветер го промени планот за слетување на авионот на грчкиот претседател

by fokus

Лошите временски услови и силниот ветер беа причина, авионот во кој што беше грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, наместо во Хања да слета во Ираклио на островот Крит, објавија грчките медиуми.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, авионот, заради силниот ветер, полетал од Атина со задоцнување од еден час, а поради слични временски услови на Крит, наместо во Хања, како што беше планирано, слета во градот Ираклио на грчкиот остров, а оттаму со автомобил се упатил на предвидената дестинација, каде што денеска присуствува на свеченостите по повод годишнината од ослободувањето на регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Силниот ветер создаде проблеми и на трите атински пристаништа и од претпладнево има забрана за пловидба за голем број бродови до грчките острови.

Поврзани новости