Силјановска: Воено лице не може да биде министер за внатрешни, ама предлогот на Мицкоски не е преседан

by fokus

Човек што не бил цивил во изминатите три години не може да раководи со МВР и одбрана, изјави за „360 степени“ професорката по уставно право, Гордана Силјановска-Давкова, која е и стратешки советник на Христијан Мицкоски, цитирајќи го членот 97 од Уставот. Таа првично рече дека не е запознаена со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, воено лице да биде министер за внатрешни работи во техничката влада и дека не била консултирана, затоа што станувало збор за партиска одлука.

-Ако лицето е се уште во Министерството за одбрана, не може. Според Уставот, со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата да раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години, вели Силјановска.

По првичниот став, Силјановска-Давкова дополнително се јави за да додаде дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не е преседан, бидејќи и досега имало случаи кога на овие позиции биле именувани лица токму од областа на одбраната и разузнавањето. Како примери ги посочи поранешните министри за внатрешни работи Сиљан Аврамовски и Митко Чавков и актуелниот заменик-министер за одбрана Беким Максути.

Поврзани новости