Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја блокира работата на Собранието

by fokus

Петре Шилегов обвини дека опозицијата се обидува да ја блокира работата на Собранието. Според него, партиите биле на координација со претседателот на Собранието и се договориле денеска да завршат со изборот на заменик-секретарите, измените на Кривичниот законик во делот на Суперкупот и да го усвојат извештајот за работата на Агенцијата за администрација.

„Вчера и денес сте сведоци на обидот на ВМРО-ДПМНЕ да направи дисфункција на работата на Собранието. Вчера ги спречивме да опструираат да не се донесе извештајот на Комисијата за финанасирање и буџет. Претседателката на Комисијата одби да го потпише извештајот произлезен од неа. Во таков случај мнозинството членови на комисијата, според Деловникот, го потпишаа извештајот“, тврди Шилегов.

Од СДСМ велат дека тие ќе продолжат со работа и доколку од ВМРО-ДПМНЕ продолжат со истата динамика, како што велат, на опструкции, ќе преземат мерки кои им се овозможени со Деловникот.

Поврзани новости