Шефот на дипломатијата на ЕУ: Израел го финансираше Хамас

by Fokus

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска изјави дека Израел го финансирал создавањето на палестинската милитантна група Хамас, со што јавно му противречи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ги отфрли таквите тврдења.

Противниците на израелската влада и дел од светските медиуми ја обвинуваат владата на Нетанјаху дека со години го зајакнува Хамас, вклучително и со тоа што дозволува катарско финансирање на Појасот Газа.

„Да, Хамас беше финансиран од израелските влади во обид да ја ослабне палестинската управа предводена од Фатах“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика за време на говорот на Универзитетот во Ваљадолид.

Борел рече дека создавањето на палестинска држава е единственото решение што води кон мир.

„Сметаме дека само решението со две држави наметнато однадвор ќе доведе до мир, иако Израел инсистира на спротивното“, изјави тој.

Поврзани новости