Се судрија мотоцикл и автомобил кај Маврово, петмина повредени, еден потешко

by Fokus

Вчера попладне во 16:45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат с. Маврово – с. Ниќифорово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од З.А.(43) од Тетово и патничко возило „фолксваген венто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(55) од с. Голема Речица, Тетовско.

Во несреќата со тешки повреди се здобил моторциклистот, а четворица сопатници од патничкото возило се здобиле со полесни повреди констатирани во Општата болница во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Поврзани новости