Се одложи судењето за „Траекторија“, не се појави обвинителката Стефанова

by fokus

Денешното рочиште за случајот „Траекторија“ се одложи бидејќи обвинителката Лиле Стефанова била спречена да присуствува на рочиштето. Судијата Горан Бошевски истакна дека добил телефонски повик од обвинителката дека не е во можност да дојде на судење.

Судењето за случајот „Таректорија“ односно постапката за избор на компанија за изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, продолжува на 13  март, кога судот треба да се произнесе по барањето на одбраната, смс пораките да не бидат прифатени како докази.
Во „Траекторија” обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој е во домашен притвор, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Поврзани новости