СДСМ: Наводната листа на Форбс воопшто не е на Форбс

by fokus

Владејачката СДСМ денеска ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека шири лажни вести со тоа што се повикува на наводна анализа на Форбс за рангирање на земјите по безбедност во однос на корона вирус.

-Не само што измислува свои лаги, оваа партија се обидува да манипулира и со туѓи нерелевантни информации. Медиумски анализи покажуваат дека наводната листа на ‘Форбс’ за најбезбедни земји во светот во време на пандемијата на коронавирусот воопшто не е на реномираниот магазин. Во јавноста веќе излезе информацијата дека рангирањето е направено од компанијата Дип ноулиџ груп (Deep Knowledge group), а ‘Форбс’ само ја пренесува. Критики за оваа листа на компанијата стигнаа од  цел свет, со оглед на тоа дека воопшто не е наведена методологијата на рангирање, а од страна на компанијата е наведено дека користени се јавно достапни информации и дека не презема одговорност за точноста на истата, велат од СДСМ.

 

Поврзани новости