Салах и Ориги му пресудија на Тотенхем, Ливерпул е нов европски шампион!

by Fokus

Премиерлигашот од „Енфилд роуд“, Ливерпул е нов европски шампион. Тимот на Јирген Клоп сосема заслужен дојде до европската круна, благодарение на погодоците на Мохамед Салах и Дивок Ориги.

„Редси“ поведоа уште во втората минута од натпреварот, откако Сисоко играше со рака во сопсвтвениот шеснаесетник, а сигурен реализатор беше Мохамед Салах.

Петнаесет минути по голот, Ливерпул имаше одлична шанса преку Александре-Арлонд да го зголеми резултатот, но при ударот, топката заврши во стативата.

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис во 38 минута спаси сигурен погодок, откако Робертсон сјајно шутираше, но францускиот голман не дозволи топката да влезе во голот.

Во второто полувреме, двете екипи преку измени се обидоа да внесат промени во играта. Тотенхем имаше неколку шанси за да го израмни резултатот, но откако не ги искористи, пристигна казната.

Во 87-та минута, Ориги си направи идеална позиција, биеше и го зголеми резултатот на 2-0, што се покажа и како конечен за овој финален меч.

Поврзани новости