Саити предлага ветингот во судството да се спроведе преку Антикоруциската комисија

by fokus

Џемали Саити, претседател на Здружението на судии во вечерашното гостување во емисијата 360 степени рече дека ветингот треба добро да се осмисли и го спомена примерот со Албанија, каде после ветингот судскиот ситем речиси останал без судии и му е нарушено функционирањето.

-Постапката за ветингот треба да се смисли на вистински начин. Јас пред две години реков дека ни е потребна самоевалуација. Повикав сите органи да преземат дејства и активности околу имотните прашања поврзани со судиите. Се наоѓаме меѓу две зла: се согласувам дека не треба да бидат судии оние кои имаа имотни сосотојби кои се необјасниви. Но, се поставува прашањаето дали поради еден или двајца судии треба да страдаат сите судии. Имате Антикоруоциска, може многу лесно да се провери имотната состјба и имате Судски совет. Кое би било нивото на доверба и кој би го спровел ветингот. Советите од меѓунардоните експерти се дека преку Антикорупциска може да се спроведе проверката, вели Саити.

Поврзани новости