Викенд временска прогноза: Претежно суво време, па нов бран со врнежи

by fokus

Во текот на изминатите часови источната половина на нашата држава беше под влијание на еден влажен воздушен бран од југ кој на повеќе места услови повремени врнежи од дожд. Најмногу дожд досега има наврнато во Демир Капија и тоа 21 л/м2, во Струмица 8, Во Штип 5, Гевгелија 3 литри. На другите места количеството на врнежи беше помало.

Што се однесува пак до времето понатаму, односно до крајот на денов ќе имаме сончево време со умерена облачност која локално и повремено има услови да биде позначителна. Локално мали се условите и за сосема слаб локален дожд. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 10 до 16 степени.

Утрешниот ден пак ќе ни донесе умерено до значително облачно време, додека особено во попладневните часови, како и навечер и тоа претежно во јужната половина од државата ќе има повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет. Максималните дневни температури на воздухот утре пак ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Овие врнежи ќе продолжат и на самиот почеток од следната недела односно во понеделник кога локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. По одделни котлини наутро ќе има услови и за појава на магла.

На високите планини пак повторно ќе се создаваат услови за провејување на снег. Локални слаби врнежи од дожд се очекуваат и во вторник. Температурите на воздухот и понатаму нема многу да се менуваат и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости