Платите на администрацијата нема да се намалуваат, истакна Ангеловска

by Fokus

Со ребалансот на буџетот Владата годинава ќе потроши околу 53,7 милиони евра повеќе од првичното планираното. Министерството за финансии ги скрои новите проекции во кој расходите се зголемуваат за толку пари или за само 1,4 проценти. Вкупните расходи изнесуваат 3,95 милијарди евра. Приходите се позиционирани на 3,2 милијарди евра или за 11,5 проценти пониски од планот.

„Со ребаланост се намалуваат минимално трошоците за плати ама поради штедење на некои надоместоци. Платите на јавната админстрација остануваат непроменети. Капиталните инвестиции се 19,5 милијарди или за 4,2 милијарди денари пониски од планот, а се крати на несуштински проекти – истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција.

Таа додаде дека со овој ребаланс, буџетот се зголемува минимално, најмалку од сите земји во регионот па и пошироко.

„Ќе има трет сет мерки, со кои ќе се стимулира приватната потрошувачка. Има спрега – платите се финансираат од државната каса во која главен полнач е приватниот сектор. Треба да има разбирање, па кога зборував за тоа сметав дека кога не се полни со ист интензитет буџетот, таа спрега треба да е правична. Но има кадри и во администрацијата кои работат деноноќно да им излезат во пресрет на фирмите. Затоа треба да има ефикасна администрација и намалување на беше направено. Пензиите нема да се намалуваат – рече Ангеловска.

 

Поврзани новости