Пуштен од притвор полицаецот поради кој Србите подигнаа барикади во северно Косово

by Fokus

Поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред дваесетина дена како осомничен за подготвување вооружени напади врз општинските изборни комисии и полициските патроли во северно Косово, со одлука на надлежен косовски суд денеска е пуштен во домашен притвор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Апсењето на Пантиќ беше повод за поставување барикади од страна на локалните Срби во општините во северно Косово со мнозинско српско население и за блокада на патиштата кои водат кон граничните премини Јариње и Брњак меѓу Косово и Србија.

Информацијата за промена на мерката 30-дневен притвор, изречена на 12 декември, во куќен притвор, во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на Основниот суд во Приштина, Мирлинда Гаши.

– На барање на Специјалното обвинителство за промена на мерката притвор со куќен притвор, судот го одобри барањето и ја промени мерката, изјави Гаши.

Поврзани новости