Прво Бугарите без визи во САД, па Македонците во ЕУ, порачува Трифонов

by fokus

Прво САД да ја стават Бугарија на листата на земји чии граѓани без визи ќе може да патуваат на нивна територија, Бугарија да стане полноправна членка на шенген зоната на Европската Унија, дури тогаш, Македонија ќе може да стане членка на ЕУ, порачува шоуменот Слави Трифонов кој е и лидер на движењето Има таков народ, чија партија е дел од владината коалиција во Бугарија.

-Бидејќи Американците толку многу сакаат Северна Македонија да е во Европската Унија, на граѓаните на Бугарија, како и на граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, да не им требаат визи за да одат во Америка….И второ, повторно, бидејќи сме полноправна членка на Европската Унија, Бугарија мора веднаш да стане членка на Шенген зоната. По чекање и чекање и ние треба да бидеме Европејци. Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи барам веднаш да нема визи за Америка и за членките на Шенген зоната.”

Исполнувањето на овие два услови од страна на САД и ЕУ, како и исполнувањето на Договорот за добрососедство од македонска страна, според Трифонов, ќе бидат доволни за Бугарија да дозволи Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Претходно објаснува дека на 200 илјади бугарски војници загинале за слободата и обединувањето на Македонија. Вели дека кога бил во Скопје начекал транспарент испишан со спреј на кој пишувало „Бугари, умрете!“

-Стоев пред овој знак половина час. Го погледнав и си помислив – зошто луѓе, што ви направивме за да чувствувате таква омраза? Зарем спротивното не треба да биде чисто историско и емотивно? Стотици илјади од вас имаат бугарски пасоши, нели?

За да добиете бугарски пасош, мора да ги докажете бугарските корени. Значи, вие што имате бугарски пасоши во Македонија, извинете – во Северна Македонија и самите сакате да бидете мртви. Затоа што сте Бугари. Според пасошот. И на ваше барање.

Во вашите учебници по историја пишува дека Бугарите се фашисти. Значи, вие самите сте фашисти, вели Трифонов.

Инаку потестува дека на 10 јануари ќе има советодавен совет кај претседателот, темата е Македонија, па го дава предлогот што се треба да се направи пред да се попушти пред Македонија.

Поврзани новости