Прванов: Да ѝ помогнеме на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО

by Fokus

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов смета дека Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е добар прв и неопходен чекор за подобрување на односите меѓу двете земји, но дека примарно е да и се помогне на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО пред се поради стабилност на земјата и регионот.

-Скептик сум дали договорот ќе го реши проблемот, но тој е навистина неопходен и треба да биде потпишан. Прашањето е друго, ние нема да го решиме проблемот со еден договор, нема да ги намалиме тензиите. За тоа ни требаат години, децении работа. Ни треба јавен политички консензус а тоа се создава со многу контакти и со многу дијалог, изјави Прванов во интервју за Бугарската национална телевизија БНТ1.

Според него, основен проблем за Бугарија, кој треба да се реши во односите со Македонија, е заедничката историја. Како пример го посочи датумот на потпишувањето на договорот 2 август, кога, како што вели, почнало Илинденско-преображенското востание. Според Прванов, името на востанието значи дека се изедначува востанието во Тракија и Македонија, поради што е неопходен внимателен пристап на темата.

Поврзани новости