Прв случај на заразен со Ковид-19 во Ресен

by fokus

Во денешната статистика за нови заболени од корона вирусот за прв пат е регистриран и случај од Ресен.

Градоначалникот Живко Гошаревски го потврди случајот и вели дека во тек се епидемиолошки анкети за да се види со кои лица бил во контакт заразениот.

-Место за паника нема. Препораките остануваат исти, мерките остануваат исти. Одржување на дистанца, носење заштитни маски, редовна хигиена, само на ваков начин ќе го победиме овој невидлив непријател. И општина Ресен, и јас како градоначалник, но и вие како одговорни граѓани, мора сите заеднички да дадеме се од себе за што побрзо исчезнување на невидливиот непријател од нашата општина, изјави градоначалникот.

Од Ресен беше и притвореникот кој почина во истражниот затвор „Скопје“, а кај кого по смртта беше утврдено дека бил заразен со Ковид-19. Сепак тој не влезе во официјалната статистика како заболен од Ресен, бидејќи престојуваше и почина во Скопје.

Поврзани новости