Седум починати од Ковид 19 за 24 часа, најмладата пациентка била на возраст од 46 години

by fokus

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 125 заболени од Ковид-19, но и рекорден број на починати, односно седум.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) кон на клиниката бил од 19 мај.  Пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни.

Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај, велат од Министерството за здравство.

Поврзани новости