Протоколи за градинките: На децата ќе им се мери температура, родителите ќе носат лекарска потврда

by Fokus

Ќе се прави дезинфекција на просторот и дворовите на градинките и ќе се поставуваат едукативни постери во овие установи.

Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција, во врска со почетокот на работата на градинките на 9-ти септември.

„Секоја установа треба да обезбеди доволно лична заштитна опрема и задолжително проветрување на просториите. Нема собирање на вработените во градинките. Тие треба да го следат здравјето на децата и нивната состојба. При влез во градинката, на секое дете ќе се мери температура и ќе ги мие рацете. Секој родител ќе треба да донесе лекарска потврда за состојбата на детето. Доколку родителот забележи симптоми на детето, не треба да го носи во градинка“, истакна Филипче.

Поврзани новости