Претседателот на Дипломатскиот синдикат добил дисциплинска

by fokus

Претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, Зоран Дабиќ добил дисциплинска постапка од Министерството за надворешни работи оти јавно зборувал за состојбите во дипломатијата и нејзиното тенденциозно уништување, соопшти тој во отворено писмо до јавноста.

Дабиќ го обвинува МНР за насилие, ароганција и заплашување кон него и членовите на Синдикатот.

-Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов!Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија!, стои во отвореното писмо на Дабиќ.

Синдикатот се огради и од од сите активности на министерот Османи околу францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори за членство на Македонија во ЕУ, а претседателот Дабиќ учествуваше и на протестите против францускиот предлог.

Поврзани новости