Пратениците од власта контра Министерството: Ќе гласаат за забрана за увоз на отпад?

by fokus

Пратениците од владејачкото мнозинство се договорија да гласаат за забрана за увоз на отпад што го предложи партијата ДОМ. Потврда за ваквиот договор Алсат доби од владин претставник, но и од пратеници кои биле директно вклучени во преговорите. Законот се планира да се усвои до 12 февруари кога се распушта Собранието. Паралелно со ваквата намера, Владата направи анализа кои енергенси да ги користи во иднина РЕК Битола. Еден од заклучоците е полека битолскиот комбинат од лигнит, да почне да се префрла на гас, но и на алтернативно гориво, поточно отпад. Од ЕСМ за Алсат велат дека не се информирани дека Владата направила ваква анализа за користење алтернативно гориво од страна на РЕК Битола.

„Концептот на ЕСМ за РЕК Битола, со инвестициите за купување сопствена механизација за ископ на јаглен, инвестирање во рудниците Суводол и Брод – Гнеотино, како и постапка за отворање нов рудник во Живојно, покажува дека ставот на компанијата е оти термоелектраната треба да произведува електрична енергија од јаглен. “

Од Министерството за животна средина, институција која ќе треба да ја регулира оваа проблематика неофицијално дознаваме дека РЕК Битола ќе има можност да користи домашен отпад. Со тоа и ќе се стимулира негово производство. Од Владата пак велат дека последниот збор ќе го има Министерството за животна средина, од каде не се баш среќни со постигнатиот договорот на пратениците за забрана на увоз на отпад.

Поврзани новости