Полицијата пронајде 260 стебла канабис кај Блаце

by fokus

Вкупно 260 стебла канабис биле пронајдени вчера кај Блаце, на место викано „Железнички мост“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

„Полициската станица за Граничен надзор-Блаце,  вчера, на место викано „Железнички мост“, пронашла 260 стебла канабис. Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце, увидна екипа од СВР Скопје и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости