Погребан 17-годишниот син на Шинејд О’Конор: „Ирска го умре“

by fokus

Музичката ѕвезда и кантавтор Шинејд О’Конор вчера го погреба малолетниот син  Невим Нест Али Шејн О’Конор (17),  кој на седми јануари беше пронајден мртов. Тој си го одземал животот.

На погребот на гробиштата Њуландс Крос во Западен Даблин присуствуваа педесетина пријатели и колеги на О’Конор.

Кога беше пронајдено телото на нејзиниот син, О’Конор изјави:

-Ги идентификував посмртните останки на мојот син. Господ да ѝ прости на Ирска, бидејќи јас сигурно нема – рече таа и додаде: Ќе почекам да го оплакам синот, а кога ќе бидам подготвена на сите ќе им кажам точно како државата Ирска во своето не знаење, злоба и лаги во болницата „Тусла“ овозможи мојот син да умре.

Поврзани новости