Петков: Не постои македонско малцинство и за тоа не може ни да се зборува

by fokus

Бугарскиот премиер Кирил Петков одговарајќи на новинарско прашање дали бугарската влада разговарала со амбасадатата на САД во однос на македонското малцинство во Бугарија рече дека никогаш тој или владата немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата.

-Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува, вели Петков.

Тој го потврди инсистирањето и условувањето на бугарската страна, бугарското малцинство во Македонија да влезе во Уставот на земјата, додавајќи дека никогаш не навел точен рок за решение на спорот.

Поврзани новости