Почина поранешната сопруга на Доналд Трамп

by Фокус

Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина на 73-годишна возраст. Таа беше првата сопруга на Доналд, со кого заедно имаат три деца – Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп.

„Нашата мајка беше неверојатна жена. Силна во работа, спортист од светска класа, прекрасна убавица и грижлива мајка и пријателка“, се вели во соопштението на семејството Трамп.

Ивана е родена во Чехословачка, а се омажила за Трамп во 1977 година и тие беа во брак до 1992 година.

Поврзани новости