По 13 години судење „Змиско око“ пред финиш, наскоро пресуда

by fokus

По 13 години судење, случајот „Змиско око“ е пред самиот финиш во прв степен, односно наскоро се очекува пресуда од Кривичниот суд. Денеска беа дадени завршните зборови, а според информации на „Фокус“, пресудата ќе биде соопштена во февруари или март.

-Заради интерс на медиумите за предметот со КОК 38/16, познат како „Змиско око“, ја информираме јавноста дека на денешната главна расправа беа дадени завршните зборови од сите 53 обвинети и нивните бранители.

Воедно за овој предмет беа оформени и 10 други раздвоени предмети за кои исто така во изминатиот период беа дадени завршните зборови од странките, со што формално е завршена главната расправа, која прв пат, по прием од надлежниот судечки совет, беше насрочена во јануари 2018 – та година,  откако со одлука на Апелациониот суд Скопје предметот беше вратен на првостепено одлучување.

Заради обемноста на изведениот доказен материјал и завршните зборови, судот дополнително ќе закаже термин за објава на пресудата за која странките и јавноста ќе бидат дополнително известени, се вели во соопштението на судот.

Поврзани новости